Search

По 2.000 евра казнa за 20 прилепчани кои го прекршиле полицискиот час

Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе предлози за издавање казнени налози за 20 лица кои во одделни кривично правни настани го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите не ги почитувале одлуките на Владата на Република Северна Македонија за забрана и посебен режим на движење со кои се забранува движење на населението. Тие во одделни настани биле затекнати како одат пеш или патуваат со патнички моторни возила, со што го сториле кривичното дело кое им се става на товар.

За секој од обвинетите  обвинителството предложи на судот да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што вредноста на една дневна глоба да биде определена на 20 евра во денарска противвредност.​

Треба да знаете
Последни објави