Search

По 2 години власт на Шилегов Скопје стана касапница на кучиња скитници и преплашени граѓани

Еден од главните проблеми на Градот Скопје е со кучињата скитници. Од една страна градот има нехуман третман кон животните, од друга страна таквиот ригиден и нехуман третман се враќа со низа проблеми за граѓаните. Шилегов 2 години нема решение за кучињата скитници. На почетокот на својот мандат тој кажа дека Вардариште е минато. Вети и дрско излажа.

Во својата програма за градот Скопје вети нов стационар со европски стандарди. Нема ниту с од нов стационар за Шилегов.  Епилогот по 2 години власт на Шилегов е Скопје касапница на кучиња скитници, нехуман третман кон животните и преплашени граѓани.

Грозоморниот чин со убиените кучиња во Аеродром е доказ за капитулацијата на Шилегов и неговиот неуспех во справувањето на овој акутен проблем.

Наместо евтин ПР на возење тротинет низ Градот, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да дејствува. Наместо модерна метропола Шилегов Скопје го претвори во касапница од 16 век.

Доколку Шилегов наместо крадоначалник беше вистински градоначалник ќе го решеше проблемот со кучињата скитници.

2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа.

 

Треба да знаете
Последни објави