Search

По четири години – нов соло сингл на Ед Ширан

Пејачот и текстописец Ед Ширан го најави својот прв соло сингл во последниве четири години, насловен Bad Habits („Лоши навики“).

30-годишниот Британец од врвот на топлистит сподели дел од песната и го потврди нејзиното издавање на 25 јуни преку „Атлантик рекордс“.

Ова ќе биде првпат Ширан да издаде сингл во кој нема соработник од Happier, нумера oд албумот Divide од 2017 година.

„Работев во студио во последниве месеци и едвај чекам да ја слушнете Bad Habits,“ рече тој.

Ширан реши да се одмори од музиката откако во август ја пречека ќерката Лира Антарктика Сиборн Ширан.

Тој во јули 2019 година објави Проект соработки бр. 6, во кој учествуваа неколку колеги уметници меѓу кои Џастин Бибер, Камила Кабело и Тревис Скот.

Треба да знаете
Последни објави