Search

По цела ноќ пукање и преговарање утрово е упасен маж во околината на Приједор

Маж од околината на Приједор утрово е упасен при полициска акција организирана откако пукал во куќите на мештаните од Ништавци и на полициската патрола, соопшти управата за внатрешни работи при Република Српска. Во полициската станица било синоќа приајвено дека Г. Б (57 г.) испукал повеќе куршум во правецот на куќите од чии сопственици бил пријавен.

Осомничениот полицијата го пронашла во викендица во Ништавац, од каде во правецот на полициските службеници повторно испукал повеќе куршуми и се затворил во куќата недозволувајќи пристап на службените лица.
За да биде совладан биле ангажирани специјалните антитерористички единици, преговарачкиот тим на МВР во Република Српска и единица на жандармеријата. По оваа опсежна акација Г. Б. бил уапсен дури утрово во 5.30 часот.
Во согласност со јавниот обвинител преземени се мерки на прибирање докази и комплетирање на предметот за сторено кривично дело напад на службено лице и предизвикување општа опасност за што ќе одговара Г.Б.

 

 

Треба да знаете
Последни објави