Search

По фудбалскиот Загреб има и кошаркарски клуб Динамо

Динамо Загреб е името на новиот кошаркарски клуб во Хрватска. Овој клуб до пред извесно време се викаше Рудеш, но ги смени името и грбот кои се слични на фудбалскиот тим Динамо Загреб. Новиот кошаркарски клуб нема ништо заеднички со фудбалскиот колектив од “Максимир“.

Кошаркарскиот клуб за лидер во тимот го има Невен Спахија, еден од најпознатите тренери на  балканските простори.

Стратегијата на кошаркарскиот тим Динамо ќе биде да открива млади таленти и со стручна работа да направи респектабилен сениорскиот состав.

Треба да знаете
Последни објави