Search

По убиствотово на Флорида, САД протеруваат 21 саудиски воен кадет

Дваесет и еден саудиски воен питомец на обука во САД ќе биде протеран од земјата по истрагата за убиството на тројца Американци убиени од саудиски офицер кон крајот на минатата година во поморска база во инцидент што американскиот јавен обвинител Вилијам Бар синоќа го нарече терористички акт.

Нападот на 6 декември ги искомплицира американско-саудиските односи во време на затегнати односи меѓу САД и Иран, регионален ривал на Саудиска Арабија.

Заменик на шерифот застрела напаѓач, офицер на Саудиските ВВС, Мохамед Саед Алшамрани, во инцидент во Пенсакола.

Бар рече дека 21 питомец биле „симнати од програмата за обука” во американската војска и подоцна ќе ги напуштат САД, откако истрагата откри дека тие поседувале детска порнографија или профили на социјалните мрежи со исламистичка и антиамериканска содржина.

Бар на прес-конференција изјави дека нема докази дека кадетите однапред знаеле за нападот.

– Тоа беше чин на тероризам, истакна Бар. – Истрагата покажа дека напаѓачот бил мотивиран од џихадистичката идеологија, додаде тој.

Тој потврди дека Саудиска Арабија им пружала целосна помош на американските истражители.

Треба да знаете
Последни објави