Search

По три години Северна Ирска доби влада

Владата во Северна Ирска ќе ја водат пробританската Партија на демократските унионисти (ДУП) и националистичкиот Шин Фејн. За премиерка на новата влада  избрана е шефицата на ДУП, Арлин Фостер.

Пратениците на севернорискиот Парламент денеска се собраа за првпат по три години пауза, откако вчера беше постигнат договор за поделба на власта.

Мишел О’Нил од Шин Фејн ќе биде вицепремиерка на владата.

Партиите со посредништво на британската и ирската влада, вчера се договорија и со тоа ја надминаа тригодишната блокада.

Треба да знаете
Последни објави