Search

По третпат одложена премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд

Премиерата на новиот филм за Џејмс Бонд „Не е време за умирање“ повторно е одложена поради пандемијата. Новиот датум на премиерата е 8 октомври, објавено е на сајтот на филмот, пренесува „Би-би-си“.

Ова е трето одложување на премиерата на филмот, кој првично требаше да излезе во април минатата година. Неговата премиера потоа беше поместена за ноември минатата година, потоа за април годинава, а новата одлука е донесена откако стана јасно дека кината на пролет сѐ уште нема да бидат масовно отворени.

Обожавателите чекаат нов филм за Џејмс Бонд уште од „Спектра“ од 2015 година, така што ова е една од најдолгите паузи меѓу два филма од популарниот серијал.

Треба да знаете
Последни објави