Search

По третпат одбиен планот на Тереза Меј за излез на Британија од ЕУ

Британскиот парламент по третпат гласаше против планот на премиерката Тереза Меј за излегување на земјата од Европска Унија. Овој пат со значително помала разлика од 58 гласови.

Гласањето се случи на денот кога Велика Британија требаше да ја напушти Унијата. Според оваа состојба, јасно е дека земјата нема да добие одложување до 22 мај и нема да излезе со договор.

„Велика Британија сега мора да пронајде алтернативен начин, кој речиси сигурно вклучува одржување европски избори“, изјави Меј, која најави дека ќе поднесе оставка доколку биде прифатен нејзиниот договор.

Следната опција за Меј е до 12 април да се избори за подолго одложување, со цел на тој ден да се избегне брегзит без договор.

„12 април сега е новиот 29 март“, порача генералниот секретар на Европската комисија, Мартин Селмаер.

Треба да знаете
Последни објави