Search

По трагичната загуба, Џим Кери повторно е заљубен

По трагичната смрт на поранешната девојка Кетрион Вајт и тешките обвинувања дека тој е виновен за нејзиното предозирање со лекови, американскиот актер Џим Кери (56) повторно е заљубен. На доделувањето на „Златните глобуси” на Беверли Хилс тој пристигна со 22 години помладата девојка Џинџер Гонзаг (34).

И покрај тешкиот период што го следеше неодамна, Кери изгледаше среќно и заљубено во прегратката на неговата нова девојка. Џинџер е исто така актерка, а една од нејзините значајни улоги е онаа во комедијата „Тед”.

Актерот ја прокоментира новата врска и, всушност, ја фалеше својата нова девојка.

„Џинџер е навистина неверојатна жена, таа е голем актерски талент и фантастична девојка. Јас сум среќен и заљубен, таа ми е голема љубов”, рече Џим.

Поранешната девојка на Кери почина во септември 2015 година. Таа беше пронајдена мртва во нејзиниот дом во Лос Анџелес, откако се предозира со лекови. Таа прекина со Кери само една недела пред тој чин, а актерот наскоро се соочи со обвинение за нејзината смрт.

Мајката на починатата Кетрион тогаш тврдеше дека актерот е оној кој ѝ купил лекови без рецепт бидејќи таа веќе му спомнала претходно дека размислува за самоубиство. Повеќе години се борела со хронична депресија.

Треба да знаете
Последни објави