Search

По Тотенхем, Баерн го декласираше и Челзи во Лондон

Екипата на Баерн Минхен со голема победа се враќа од гостувањето на „Стемфорд Бриџ“, откако во првиот натпревар од осминафиналата фаза на Лигата на шампионите со убедливи 0-3 го совладаа тимот на Челзи.

Англискиот гигант одлично им парираше на баварските ѕвезди, на полувреме успеа да ја сочува мрежата, а притоа имаше и неколку изгледни шанси, но во второто следуваше тотален распад во редовите на „сините“ и Гнабри со два (за три минути) и Левандовски со еден гол го одведе Баерн Минхен на чекор од место меѓу осумте најдобри во европската елита.

За дебаклот на Челзи да биде уште поголем се „потруди“ Алонсо, кој во 83. минута поради неспортски поте-г без топка го удри Левандовски и заработи директен црвен картон по ракцијата на ВАР и заедно со Жоржињо (поради парни жолти картони) нема да играат на реваншот во Германија.

Треба да знаете
Последни објави