Search

По Роналдо, уште еден играч на Реал Мадрид посакува трансфер во Јувентус

Медиумите во Италија пренесуваат дека уште еден член на шампионската генерација на Реал Мадрид сака да се пресели во редовите на Јувентус.

 Според  еден весник,се објавува дека Марко Асенсио побарал од неговите агенти да издејствуваат трансфер во Торино каде повторно би станал соиграч на Кристијано Роналдо.

Според весникот, наводно Асенсио дошол до заклучок дека треба да заигра во Торино и по препорака на Алваро Мората кој му кажал дека го поминал најубавиот период од животот додека настапувал за Јувентус.

Асенсио беше споменуван како наследник на Кристијано Роналдо во Реал Мадрид, но по најновите најави изгледа и тој ќе бара билет од Мадрид во еден правец.

Треба да знаете
Последни објави