Search

По растот на случаите на Ковид-19, Летонија најави ново „затворање”

Летонија најави „затворање” на земјата од 21 октомври до 15 ноември во обид да го забави растот на инфекции на коронавирус. Летонија е на прво место во светот според нивото на заразени, изјави министерот за здравство Даниел Павлјутис по вонредниот состанок на владата.

Продавниците, рестораните, училиштата, забавните и културните локации ќе бидат затворени за време на „локдаунот”. Ќе работат само објекти за услуги од примарно значење. После тоа, „заклучувањето” ќе се ублажи само за вакцинирани, истакна министерот.

– Нашиот здравствен систем е во опасност, рече премиерот Артурс Кришјанис Каринш, наведувајќи го ниското ниво на вакцинација во земјата како причина за зголемените хоспитализации. Во Летонија, стапката на вакцинација е една од најниските во Европската унија.

Треба да знаете
Последни објави