Search

По промената на власта ќе почнеме постапка за амнестија на уставобранителите

По промената на власта ќе почнеме постапка за амнестија на неправедно осудените уставобранители кои влегоа во Собранието со силна верба за одбрана на уставниот поредок“, велат од Единствена Македонија преку соопштение, коментирајќи ги пресудите за настаните од 27-ми април.

Партијата на Јанко Бачев смета дека шамари, клоци, кршење на врати во Собранието во никој случај не можат да бидат причина за изрекување на казни од преку двеста години затвор и оттука, според нив, вчерашните пресуди се нарачани и однапред напишани за задоволување на личната суета на премиерот Зоран Заев.

„Странскиот измеќар Зоран Заев поради лична одмазда спрема одредени осудени лица продолжува да се поигрува со човечки судбини притоа надевајќи се на повторен пазар со некој од осудените за продолжување на процесот спрема организаторите за настанот од 27 април налик на пазарењето со одметнатите и купени осум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои наменски се притвораа и судеа за да послужат за непристоен пазар – слобода за даден глас во Собранието“, велат од Единствнена Македонија.

Треба да знаете
Последни објави