Search

По принудното слетување, Јапонија бара привремено приземјување на авионите Ф-16

По принудното слетување на американски борбен авион Ф-16  во Јапонија, министерот за одбрана Нуо Киши побара привремено приземјување на овој тип авиони во земјата.

Киши денеска ја повика американската војска да го преземе овој чекор, објави јапонската новинска агенција Кјодо, пренесува ДПА.

Тој истакна дека „многу сериозно” сфати инцидентот и оцени дека летовите со овие авиони треба да бидат прекинати додека не се потврди нивната безбедност.

Вчера, Ф-16 во североисточна Јапонија исфрли два резервоари со гориво пред принудно да слета на аеродромот Аомори поради проблеми во текот на летот. Според 35-то борбено крило во воздухопловната база Мисава, резервоарите биле исфрлени над ненаселени области во префектурата Аомори.

Треба да знаете
Последни објави