Search

По прекинот на струјата мониторинг станицата во Гостивар покажала нереално високи вредности на ПМ 10 честички

Високите вредности на ПМ 10 суспендираните честички во времетраење од еден час, што пред кратко време се појавија на Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во Гостивар, во периодот од 12.20 до 12.30 часот, се резултат на стабилизација на мерниот инструмент по настанат прекин со напојување со електрична енергија, информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање.

-При тоа, настанат е прекин во мерењата на сите параметри за квалитет на воздух вклучувајќи ги и мерењата на концентрацијата на ПМ 10 честичките. По доаѓањето на електричната енергија мерните инструменти се рестартирани, а појавените високи вредности на измерени концентрации на суспендираните ПМ 10 честички се случија поради процесот на стабилизација на инструментот по неговото повторно ставање во функција и се невалидни, додава Министерството.

Треба да знаете
Последни објави