Search

По преживеан мозочен удар, Италијанец прозборел со словенски акцент

По преживеан мозочен удар, Италијанец прозборел со словенски акцент

Еден неименуван Италијанец по мозочен удар проговорил со словенски акцент. Италијанецот никогаш не престојувал во држави од словенско говорно подрачје. Ова е меѓу првите медицински документирани случаи од овој вид.

Италијанецот оздравел откако пред три години доживеал мозочен удар во десната хемисфера од мозокот, и како што наведува порталот today.it нема когнитивен дефицит, ама зборува со странски акцент.

Тоа е прв случај во Италија, а трет во светот кој се однесува на мозочен удар во десната хемисфера од мозокот.

Студијата за случајот на 50-годишниот Италијанец кој по мозочен удар проговорил со странски акцент, на тим научници предоводени од Константинос Прифтис од Универзитетот Падова, ја објави списанието Кортекс.

Како што е наведено, анализата покажала дека „повредата на мозокот предизвикала промена на местото и начинот на артикулација на некои самогласки кај пациентот што довело до перцепција на странски акцент“.

Треба да знаете
Последни објави