Search

По поројниот дожд во Куманово, екипите на терен, утре седница на Општински штаб за заштита и спасување

По обилните врнежи од дожд во изминатите неколку часа што го зафатија кумановскиот регион на терен се излезени екипи од општината, Регионалниот центар за управување со кризи, СВР Куманово, јавните претпријатија и Територијалната противпожарна единица. 

Надлежните ги повикаа граѓаните да ги пријавуваат штетите предизвикани од дождот на дежурниот телефон на 195, а утре со почеток во 10 часот состанок ќе одржи Општинскиот штаб за заштита и спасување на кој ќе бидат донесат заклучоци за понатамошните активности што ќе се преземат по настанатата ситуација. 

Попладнево, Куманово го зафати пороен дожд со силен интензитет, при што куќи, подрумски простории и гаражи беа поплавени на повеќе локаци во градот. 

Треба да знаете
Последни објави