Search

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик во Кисела Вода се одржа културнa манифестација

По повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, денеска во големата сала на Општина Кисела Вода се одржа културнa манифестација, на која ученици од општинските основни училишта читаа лични литературни творби преку кои испратија пораки  за негување на македонскиот јазик.

На настанот организиран од страна на Секторот  за образование, предучилишно воспитување, култура и спорт пред пристуните за значењето на јазиците говореше Весна Костовска, виш научен соработник од Интитутот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков”.

По ова, секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски, на учениците кои твореа на тема: „Негувањето на мајчиниот јазик е наш долг и наше наследство” за победничките литературни творби им подели благодарници. Благодарница и беше доделна и на Весна Костовска од Институтот за македонски јазик.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик,  УНЕСКО го прогласи на 30-тата сесија на Генералната конференција во 1999 година. Во 2000 година овој ден е промовиран и како Ден на лингвистичката и културната разновидност и повеќејазичност.

Треба да знаете
Последни објави