Search

По повикот на Трамп, Израел ја блокира посетата на конгресменките Тлаиб и Омар

Израел одлучи да не дозволи посета на американските конгресменки Рашиди Тлаиб и Илхани Омар, изјави денеска Ципи Хотовели, заменичка на израелскиот министер за надворешни работи.

– Одлуката е донесена. Одлуката е дека не можеме да им дозволиме да влезат, изјави Хотовели.

Претходно денеска, американскиот претседател Доналд Трамп денеска оцени дека Израел ќе покаже „голема слабост” доколку им дозволи на конгресменки Тлаиб и Омар да ја посетат светата земја.

„Тие го мразат Изарел и еврејскиот народ, и тука нема што да се каже или направи за да се сменат нивните ставови” напиша Трамп на својот налог на Твитер.

Нарекувајќи ги двете членки на американскиот Конгрес од Демократската партија „недраги”, Трамп напиша дека на нивните матични држави, Мичиген и Минесота, „ќе им треба многу време да ги вратат на работа во канцелариите”.

ДПА наведува дека двете конгресменки, кои Трамп повеќе пати ги има јавно критукувано, планираат да ги посетат окупираниот Западен Брег и Источен Ерусалим.

Треба да знаете
Последни објави