Search

По пет технички неисправни возила откриени во Кавадарци и Штип

Во вчерашната акција на припадниците од сообраќајната полиција при контрола на техничката исправност на возилата, најмногу по пет нисправни се откриени во Кавадарци и Штип.

Во периодот од 12 до 20 часот на територија на СВР Велес била извршена контрола на возилата учесници во сообраќајот и притоа било констатирано дека девет возила биле технички неисправни. од кои четири во Велес, а пет во Кавадарци. За сите овие прекршоци на возачите им се изречени соодветни казни.

Во периодот од 11 до 16 часот СВР Штип спроведе засилена акциска контрола на техничка исправност на возилата учесници во сообраќајот. Констатирано е дека пет возила биле технички неисправни, три возила биле со измината важност на сообраќајната дозвола и шест биле нерегистрирани. За сите прекршоци изречени се соодветни казни.

Треба да знаете
Последни објави