Search

По невремето на Хаклидики: Без дијагноза и фискална нема пари од осигурување

Македонците кои се повредени во вчерашното невреме кое ја погоди Грција или пак стекнат некоја повреда во претстојното невреме кое се очекува за вечер, веднаш да се јават на лекар и да земат лекарски потврди за испитувањата кои им се направени, но и извештаи и снимки кои ги добиле од болницата. 24 инфо се обрати до осигурителните компании од каде апелираат до паниците да не ги санираат сами повредите бидејќи во тој случај не им важи патничкото осигурување.

-Патничко осигурување е една од најважните работи кои треба да ги имате со себе кога патувате надвор од државата. Ова осигурување ве штити од трошоци во случај на нужна потреба од медицинска помош во странство, а овие трошоци можат да бидат енормни во зависност од земјата во која патувате и услугите кои ќе ги користите- велат во осигурителните компании.

Според нив има два типа на патничко осигурување, со и без франшиза. Но и за двете важи една иста работа. Ако трошокот е до 150 евра во денарска противвредност самите патници кои се повредени или болни ја покриваат штетата. При тоа битно е да ја зачуваат фискалната сметка и сите документи со лекарски печат и печат од болницата. По враќањето во Скопје парите ќе им бидат вратени од компанијата доколку ги имаат сите документи.

-Ако сумата е над 150 евра, тогаш мора да контактираат со компанијата која го издала осигурувањето. Телефонски мора да се договориме што понатаму, дали ние ќе ги подмириме трошоците дирекно во болницата или пак ќе се плати на друг начин, велат во компаниите. Но доказ дека патниците биле на лекар мора да има- децидни се осигурителните компании.

Како и да е секој што поминува граница мора да има патничкото осигурување кое  покрива голем број ризици и до различни осигурени суми. Останува на патниците кој пакет ќе го изберат.

Валентина Ангеловска

Треба да знаете
Последни објави