Search

По наредба на Грујовски опремата за прислушување била исечена па истопена

Инженерот во УБК, Сашо Трајковски, во сведочењето на денешното судење за предметот „Таргет – Тврдина“ рече дека началникот Горан Грујевски им рекол дека опремата за следење на комуникациите мора двапати да се уништува. Еднаш да се сецка на делчиња по пет сантиметри, апотоа да се стопат тие делчиња на висока температура.

„Ја исклучивме ‘Најс’ и ја извадивме од систем-салата во ходникот“, рече Трајковски.

Според него, двапати од 2007 до 2015 година била уништувана опрема за прислушување на МВР.

-Старите компјутери беа расходувани и складирани во магацин. Старите касетофони за репродуцирање прислушувани материјали беа однесени во РЖ ‘Услуги’ првин на дробење, а потоа во печка на топење. Последната опрема за прислушување со наредба беше исклучена на 27 март 2015 година по објавата на аферата во јавноста, рече сведокот.

Трајковски претходно сведочеше дека во поранешниот aероклуб спроти гимназијата „Јосип Броз Тито“ во центарот на Скопје бил инсталиран систем за прислушување, поврзан со „најс“ системот во Петтата управа на МВР, а дека имало и во стан во т.н„функционерска зграда“ кај Железничкта станица.

Според него, ој и колегите ги следеле Грујевски, како и екс директорот на УБК, Сашо Мијалков како од нивните компјутери се логирале на системот за следење на комуникациите.

Треба да знаете
Последни објави