Search

По нападот во префектурата во Париз  министерот за внатрешни работи Кристоф Кастанер повикан на сослушување пред сенатот

По нападот во префектурата во Париз, министерот за внатрешни работи во француската влада Кристоф Кастанер е повикан на сослушување пред комисијата на Сенатот, јавува дописникот на МИА.

Првото прашање е зошто оправдувањето на атентатот на Шарли Ебдо не било предмет на предупредување и писмен извештај испратен до врвот на хиерархијата?

Ова е секако централниот елемент на оваа афера.

Во 2015 година, еден колега на Микаел Харпон во компјутерскиот оддел на Дирекцијата за разузнавање на префектурата во Париз, според упатството за управување од 5 октомври имал „остра кавга со „напаѓачот по нападот врз Шарли Ебдо”. Во таа прилика Микаел Харпон го оправдал нападот.

Во јули 2015 година, колегата на Харпон и друг член на одделот вербално го информираат мајорот на под-дирекцијата за внатрешна безбедност (СДСИ, еден вид „мал ДГСИ” од Префектурата на полицијата) задолжен за извештаи за радикализација . Покрај Шарли Ебдо, тие велат дека Харпон е оженет со муслиманка, преминал во ислам и дека тој веќе не се ракува со жени и повеќе не ги бакнува при поздравувањето. Шефовите им нудат да го официјализираат извештајот, но двајцата одбиваат. Службеникот на СДСИ не составува ниту писмен извештај. И инцидентот не остава повеќе траги.

Другата епизода помеѓу 2014 и 2015 година, каде раководителот на компјутерскиот дел вербално му кажува на неговиот заменик директор дека Харпон повеќе не ја прифаќа секретарката на службата. Повторно, без писмен запис. И инцидентите продолжија, неговиот началник вели дека „ако Харпон повеќе не прифаќа жени и не ја криеше својата религија, тој не покажа непријателство кон нив”, извор близок до истрагата зборува дека „атмосфера во малиот компјутерски одддел била многу заштитна” особено во однос на „глувиот и нем хендикеп”, како Микаел Харпон. Како и да е, СДСИ редовно известуваше за случајот „Харпон”, последен пат пред три до четири недели. И било кажано дека сè е добро …

Другото прашање е Дали Микаел Харпон правилно бил надгледуван?

Во белешката на ДРПП, Микаел Харпон е опишан како интегриран човек, добро оценуван, не претставува „посебни професионални тешкотии, како што се потврдува со неговото административно досие”. Учествувал на свеченостите на службата, пиеше кафе со колегите и носел колачи направени од неговата сопруга. Само полициската префектура посочува дека Харпон имал „некои фрустрации од неговиот инвалидитет и чувството да не напредува во неговата кариера”, „ситуација” поддржана од одделот за човечки односи. Далеку од оваа слика, еден од неговите колеги опишува дека Харпон страда од комплекс на инфериорност. Друг извор зборува за страдање на работа и, во притвор, неговата сопруга исто така го потврудва тоа.

Микаел Харпон беше офицер  од 2003 година, обновен со безбедносен сертификат во 2008 и во 2013 година. Тоа е пред инцидентите објавени во 2014-2015 година. Неговото овластување важеше до 24 април 2020 година. Доколку последното обновување не претставува приоритет, нема проблем бидејќи интервенираше пред првото предупредување, проблемот не се реши за сето тоа. Доколку биле следени извештаите 2014-2015 и последователните, отворената истрага веројатно би резултирала со одземање на сертификатот.

Третото прашање е зошто врските на Микел Харпон со исламистите од Гонеса и Вал-Д’ОАз не беа назначени во дирекцијата.

Имено, тој беше во контакт со неколку лица познати од разузнавачките служби (вклучително и двајца радикални имами од Гвадалуп и други лица). Тој одеше во џамија, каде еден од имамите им беше исто така познат на разузнавачките служби. Ова повторно го покренува прашањето за контакти помеѓу различните разузнавачки служби, прашања на кои ќе треба да одговори министерот за внатрешни работи, истиот ден кога се дозна дека Микаел Харпон поседувал УСБ клуч со лични податоци на своите колеги.

Треба да знаете
Последни објави