Search

По масакрот во Крајстчрч убиецот само прашувал колку луѓе убил

Брентон Тарант, обвинет за масакрот во џамија во Кристчрч, по апсењето, повеќепати ги прашал полицајците колку луѓе убил, пренесува Дејли мејл.

Медиумите пишуваат како напаѓачот по апсењето бил збунет, но откако станал луциден, го интересирало само колку луѓе убил во нападот. Полицајците не му одговориле на прашањето, но се верува дека тие прашања ги навеле во извештаите, а тоа ќе биде наведено како доказ против Тарант.

Австралискиот неонацист во моментот се наоѓа во затвор во Оукленд на Нов Зеланд и чека судење за убиство на 51 верник во пукотница со најлоши последици во модерната историја на Нов Зеланд. Тој се сомничи дека на 15 март влегол во џамијата Ал Нор и убил повеќе од 50 верници и ранил уште 49. Масакрот бил директно пренесуван во живо на социјалните мрежи.

Тарант ги негира обвиненијата за 51 убиство, 40 обиди за убиство и за тероризам во напад кој се случи на 15 март.

Треба да знаете
Последни објави