Search

По коронавирус се појави чума

Монголските власти воведоа карантин во градот Ковд и околината, бидејќи се појави чума во земјата.Две луѓе во тој град биле тестирани позитивно за бубонска чума.

Според монголските епидемиолози, тие се заразиле со јадење месо од мрмот.Монголските медиуми објавија дека станува збор за 27-годишен маж и помлада жена.

Епидемиолозите најавија дека ги следат контактите на двајцата заразени, кои биле во директен контакт со 146 лица и со уште 504 со кои биле во индиректен контакт, пренесува Спутник.

Нивните примероци во моментов се анализираат за да се утврди дали имаат чума.

Во околината на овој град на западниот дел на Монголија, чумата избувна и минатата година, поради што Русија ја затвори границата со Монголија.

Појавата на чума во Монголија е поврзана со употребата на месо од мрмот, а досега се регистрирани две жртви на оваа инфекција во земјата.

Бубонската чума остана во темно сеќавање ширум светот, затоа што однесе животи на повеќе од 50 милиони луѓе во Европа во 14 век.

Според податоците на Светската здравствена организација, од 2010 до 2015 година, во светот се регистрирани 3.258 случаи на чума, со 584 мртви.

Денес, чумата успешно се лекува со антибиотици.

Треба да знаете
Последни објави