Search

По инцидентот откажан карневалот во Фолкмарсен

– Карневалот во германскиот град Фолкмарсен е откажан откако автомобил влета во карневалската поворка, при што се повредени најмалку 30 луѓе, а полицијата на Твитер објави дека нема индиции за напади на други места во Германија.

Според локалната телевизија Хесеншау возачот на автомобилот што влета во карневалската поворка е 29-годишен германски државјанин.

ТВ Хесеншау полицијата се уште нема информации за тоа кој бил мотивот на возачот, но истакна дека најверојатно намерно влетал со автомобилот во поворката.

Според очевидците возачот намерно влетал во карневалската поворка, забрзувајќи пред да удри во нив.

Треба да знаете
Последни објави