Search

По изјавата на Мукоски барање до Русковска да се испита улогата на Милошоски во „27 април“

По изјавата на пратеникот Крсто Мукоски до шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска стигна барање да се испита улогата на пратеникот Антонио Милошоски во крвавиот упад на 27 април, дознава „А1он“.

Во барањето адресирано до Обвинителството со кое раководи обвинителката Вилма Русковска, пишува дека иако има пресуди за овој предмет, не се опфатени сите лица кои биле инволвирани.

Тие велат дека треба да се земе во предвид и изјавата на пратеникот Крсто Мукоски, кој од собраниската говорница кажа дека Милошоски и давал насоки на насобраната толпа каде да се движи. Со поднесокот се бара и Обвинителството да го повика на распит Мускоски, за да каже каква улога имал Милошоски на критичниот ден.

Треба да знаете
Последни објави