Search

По дојавите за поставени бомби eвакуирани градските совети низ цела Германија

Во неколку градови во Германија, градските совети беа евакуирани по дојавите за поставени бомби.

Градската сала во Аугсбург, Кајзерслаутерн, Хемниц, Гетинген, Нојнкирхен и Рендсбург беа евакуирани.

Според „Билд“, заканите биле испратени директно до имејл-адресите на советите. Оваа информација беше потврдена од страна на истражувачите во неколку градови.

Засега нема докази за поставена експлозивна направа во зградите на градските совети.

По предупредувањето во Аугсбург е евакуирана зградата на градскиот совет, и запрени се сите трамвајски линии во негова близина.

Во Кајзерлаутерн, заканата дојде преку имејл, а полицијата веднаш отиде во градското собрание. Областа околу собранието е оградена, но моментално нема закана.

Во Гетинген, теренските иследници пристигнаа околу 9 часот наутро.

„Во моментов нема луѓе во зградата”,изјавија за „Билд“, додавајќи дека сè е затворено. Тие планираат да ја пребараат целата зграда со кучиња за пребарување експлозиви.

Полицијата, исто така, интервенираше во Нојнкирхен по изјавата за бомба во раните утрински часови. „Градското собрание е привремено затворено”, рече полицијата.

Треба да знаете
Последни објави