Search

По две години судење, денеска пресуда за „Титаник 3″

Обвинетите во предметот „Титаник 3″, Ејуп Аљими и Исмет Гури, денеска во Кривичниот сид Скопје треба да ја слушнат пресудата која ќе ја изрече судијката Марија Клетничка.

Според обвинението поведено од поранешното Специјално јавно обвинителство, обвинетите се товарат за изборни нерегуларности во Чаир на локалните избори одржани во 2013 година.

Судската постапка за „Титаник 3″ досега двапати беше вратена од почеток. Откога судијката Оља Ристова во март минатата година се иззема од овој предмет, за нов претседател на Судечкиот совет беше избрана судијката Марија Клетничка. Застапници на обвинението се обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

Треба да знаете
Последни објави