Search

По вчерашната бркотница со полицијата и апсењето: Аца Лукас призна дека возел пијан

Фолкерот Аца Лукас е ослободен од притвор, откако синоќа бил уапсен оти возел пијан, па бегал на полицијата, која сакала да го сопре неговиот автомобил при рутинска контрола.

-Ништо не е спорно. Ме пуштија, не ум веќе во полиција. Малку повеќе испив, па ме приведоа. Како и секој друг гражанин одговарав за своите постапки. Сега е се ок, изјавил Лукас.

Според српските медиуми, откако не застанал на полицијта на Бањица Лукас продолжил да вози, но подоцна бил сопрен од друга патрола, која успеала да го запре и по направениот алко тест било утврдено дека имал алкохол во крвта. Му бил направен и тест на дрога, но засега не е познато дали консумирал и наркотици. Инаку, се почнало откако полицајката од првата патрола се обидела да го легитимира. Тој почнал да ја навредува и избегал.

Треба да знаете
Последни објави