Search

По Баша казна за непочитување на полицискиот час заработи и Круемади

Лидерката на третата по голема политичка партија во Албанија, Социјалистичкото движење за интеграција, Моника Круемади заработи парична казна, а во исто време и е одземена и возачката дозвола поради непочитување на полициски час, соопшти Полицискиот комесаријат во Тирана.

Имено Круемади, која е и сопруга на шефот на државата, Илир Мета, синоќа за време на полицискиот час не ја испочитувала забраната за движење и од 22 часот им се придружила на актерите и други граѓани кај Националниот театар, кои се против одлуката за негово уривање. Казнет е и потпретседателот на партијата Петрит Васили.

– Полицискиот час, шт почнува во 17 часот и 30 минути и трае до пет часот не го испочитуваа педесеттина лица. Меѓу нив и Моника Круемади која во текот на целата ноќ беше пред театарот. Сите тие парично ќе бидат казнети, а им се одземаат и возачките дозволи, се наведва во полициското соопштение.

Вчера парична казна поради непочитување на одлуката за забрана за движење добија лидерот на најголемата политичка опозициска сила, Демократска партија, Љуљзим Баша, партискиот секретар Газменд Барди и 38 други лица, кои исто така биле пред театарот.

Пред два дена Баша, беше парично казнет и му беше одземена возачката дозвола поради непочитување на мерките за заштита од Ковид-19 и ширење на болеста. Тој престојувал во пристанишниот град Драч каде имал средба со претставници на трговскиот сектор во ресторан кој според предвидените мерки бил затворен.

Возачката дозвола пак, на Баша, кој живее во Тирана, му е одземена поради непочитување на мерката за забрана да се напушта територијата на Тирана, зашто е една од шестте општини кои се сметаат за црвена зона и тие се изземени од последниот пакет олеснителни мерки на Владата.

Треба да знаете
Последни објави