Search

По Адеми уште еден македонски репрезентативец се поврзува со трансфер во Рим: Ристовски желба на Лацио

Откако вчера во јавноста протекоа информации дека клубовите од Рим се заинтересирани за услугите на Аријан Адеми, денес португалските медиуми пренесуваат дека Лацио сака во своите редови да го донесе нашиот Стефан Ристовски.

Се јавува дека Ристовски е втора опција за Лацио кој доколку не успее во своите редови да го донесе Давиде Запакоста од Челси, сите сили ќе ги насочи кон нашиот одличен репрезентативец.

Ристовски не добива многу шанса во Спортинг откако се врати на терените по повредата која ја имаше, па Бруно Гаспар сега е прв избор на тренерот Марсел Кајзер. 26 годишниот бек со сигурност би ја прифатил опцијата да се врати во Серија А каде помина нешто повеќе од четири години.

Треба да знаете
Последни објави