Search

Пошта во загуба од 10 милиони евра,ама директорите си земале бонуси

Македонската пошта е во загуба од 10 милиони евра, но претпријатието склучувало договори за менаџерско осигурување со кои директорите се „наградувале“ за лошото менаџирање на Пошта кое резултирало со огромни загуби, утврдиле од Државниот завод за ревизија.

Според ревизорите, од 2012 година па до 2018 година Македонска пошта наталожило 594 милиони денари загуба, а само во 2018 година загубата изнесувала 166 милиони денари.

Според извештајот, за седум директори во АД Пошта, кои истовремено го сочинуваат и Управниот одбор и Надзорниот одбор, платено е менаџерско осигурување за период од 1.04.2018 до 1.04.2019 година во вкупен износ од 2.760.000 денари, или околу 45.000 евра.

Што откриле ревизорите моѓе да видите во нивниот опширен извештај.

Треба да знаете
Последни објави