Search

Почнува Skopje Photo Week со најдобрите светски и домашни експерти и награден фонд од 100.000 денари

Ве известуваме дека престижниот . “Skopje Photo Week”(Скопје Фото Недела), оваа година ќе се одвива од 23-24 Ноември 2020.

“Skopje Photo Week”(Скопје Фото Недела) е 5 настан по ред во организација на Ангеловски Фотографија и Грег Момент (Полска) кој се одржува традиционално секоја година. Изминатите настани беа одржани под името (ISPV)-International Summit of Photographers & Videographers, овој пат со ново име и концепт Skopje Photo Week (SPW2020).

Петта година по ред, Скопје е домаќин и инспиратор на најдобрите фотографи, чија инспирација ги отвора новите хоризонти на дигиталната уметност.

Оваа година во значително изменето издание, почитувајќи ги мерките зазаштита од ковид-19 внесуваме енергија во сивото секојдневие и монолитноста која ја предизвика планетарната криза. Овој есенски самит ќе го реализираме благодарение на современататехнологија (Online) а алатките ќе бидат инспирација за создавање на органско искуство на сите учесници.

Затоа ја повикуваме јавноста да ни се приклучи на овој меѓународен настан преку следење во живо на светски и домашни експерти, а учесниците бесплатно може да се регистрираат на овој линк: 

https://www.facebook.com/events/407702710250436/

Истовремено би сакале да информираме дека Skopje Photo Week објавува Конкурс за избор на најдобра фотографија на тема „Скопје од мој алтернативен агол”.

На конкурсот ќе бидат доделени три награди и тоа за прва награда се предвидени 50.000 денари, за втора награда 25.000 денари и трета награда 15.000 денари.

Предвидена е и специјална награда за најдобра Инста фотка од 10.000 денари објавена на хаштагот #SPW2020 (Напомена: фотографиите мора да се направени во 2020 година, користејќи ја камерата на вашиот мобилен телефон, фотки без мета дата нема да влезат во изборот)

Повеќе информации може да се најдат на: http://skopjephotoweek.com/foto-konkurs/

Треба да знаете
Последни објави