Search

Почнува изградбата на патот во Долно Лисиче

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, заедно со министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Зоран Китанов и градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски денеска во Долно Лисиче  го најавија почетокот на реконструкцијата на регионалниот пат Јурумлери – Драчево, кој поминува низ Долно Лисиче.

-Драго ми е што со реализација на овој проект регионалниот пат во Долно Лисиче ќе биде целосно реконструиран и долгорочно ќе се реши повеќегодишниот проблем со несоодветна инфраструктура за локалното население, изјави градоначалникот Марин.

Целта на проектот, на кој активно се работи, е трајно да се реши проблемот на локалното население и на сите што го користат патот Јурумлери-Драчево.

-Овој проект има исклучитено значење и предвидува градежни активности и материјали што се според високи меѓународни стандарди, изјави министерот Сугарески.

Приоритет е даден токму на оваа делница, затоа што, како што рече директорот Китанов, е многу фреквентен пат и е прв од 12-те најоштетени делници што ќе се реконструираат во претстојниот период. За оваа намена обезбедени се 14 милиони евра од Светска банка.

-За првпат преку Светска банка се прави ваков проект за реконструкција, преку кој се навлегува и во долниот тампон на патот, а не како класична рехабилитација со гребење и постирање асфалт, појасни Китанов.

 

Треба да знаете
Последни објави