Search

Почнува замената на старите водомери во Општина Карпош

Од оваа сабота во Жданец и Трнодол во Општина Карпош почнува замената на куќните водомери.

Старите водомери ќе се заменат со нови, вертикални и повеќемлазни, со радио модул, а ќе се заменат и старите, хоризонтални водомери со нови, хоризонтални, ултразвучни водомери и нивна интеграција во системот за далечинско отчитување на ЈП „Водовод и канализација” – Скопје, соопштуваат од прес-службата на општината.

Со новите водомери, се вели во соопштението, податоците ќе се читаат автоматски, без обврска инкасаторите да влегуваат во домаќинствата на граѓаните.

– Исто така, водомерите се многу попрецизни од досегашните, кои се застарени и не толку прецизно го читаат протокот на вода. На овој начин, се вели во соопштението, ќе се овозможат поточни сметки за потрошувачката на вода и граѓаните ќе добиваат поквалитетна услуга.

Со овој проект се опфаќаат околу 500 домаќинства, а за истиот, преку Министерството за транспорт и врски, е добиен грант од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР).

Треба да знаете
Последни објави