Search

Почна уписот на првачиња во училиштата во општина Карпош

Почна уписот на ученици во прво одделение за учебната 2020/2021 во основните училишта во општина Карпош. Од Општината соопштија дека во сите образовни установи се почитува донесениот протокол за запишување на првачиња, како резултат на пандемијата од Ковид-19.

Задолжително е носењето  заштитни маски, дезинфекција на влезот на училиштето, чистење и дезинфекција по спроведување на секој разговор, како и одржување постојана физичка дистанца.

Во училиштата каде што постојат услови и надворешни училници, разговорот се спроведува на отворено.

„Ги повикуваме сите родители да ги почитуваат мерките при упис на нивното дете во прво одделение. Сите сме одговорни за јавното здравје“, велат од Општината.

Треба да знаете
Последни објави