Search

Почна собраниската седница, не е усвоен амандманот на „независните“ Вмровци

Откако Владата и Беса постигнаа договор за дел од барањата на албанската партија Собранието попладнево по неколку одложувања изминатите денови ја почна седницата на чиј дневен ред се уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа во третата и финална фаза.

Џафери седницата ја отвори со утврдување на предлог на амандманите. За секој амандман се води општ претрес и претрес на текстот на амандманите. Пратениците на Алијансата за Албанците и на Беса ги повлекоа своите амандмани на уставните амандмани.

Заев во својство на претставник на Владата го отфрли амандманот на осумте пратеници од ВМРО-ДПМНЕ.

Елизабета Канчевска Милевска рече дека амандманот е многу јасен и бараат Република Северна Македонија да се употребува само за меѓународна употреба. Таа побара образложение од Владата зошто ова е неприфатливо и зошто се одело на ерга омнес во Договорот од Преспа. Канчевска жали што ВМРО-ДПМНЕ не се на собраниската седница за да ги образложи нивните аргументи.

Со 70 гласа „против“ и девет „за“ беше отфрлен овој амандман.

 

Треба да знаете
Последни објави