Search

Почна седницата на Советот за безбедност, се расправа за состојбата со Ковид-19

Почна седницата на Советот за безбедност на Република Северна Македонија во претседателската „Вила Водно”, на која ќе се расправа за актуелната состојба со пандемијата на Ковид-19 во земјава и за мерките и активностите на надлежните институции.

Ова е десетта седница на Советот, на која покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски присуствува министерот за здравство, Венко Филипче.

Последната седница на Советот за безбедност беше на 29 октомври. Тема и тогаш беше состојбата со Ковид-19.

Треба да знаете
Последни објави