Search

Почна подготовката за Бахреин

Почна подготовката за Бахреин

По ефикасниот прв натпревар во Минхен на Светското првенство за македонската ракометан репрезентација е слободен ден исто како и за другите селекции од групата Б. Јапонија е веќе архивирана во дуел со најмногу голови за Македонија на светските првенства, но во нашиот табор веќе размислуваат на следниот ривал – селекцијата на Бахреин. Вицепрвакот на Азија во првото коло загуби со 10 разлика од европскиот првак Шпанија, но во нашиот табор истакнуваат дека тоа не е вистинската слика на следниот ривал.

Мали проблеми во подготовката за следниот натпревар е од техничка природа што ги имаат сите репрезентации. Системот за добивање на одиграните натпревари не функционира, па капитенот Кирил Лазаров истакна дека потребната анализа ќе стартува по денешниот претпладневен тренинг кои го имаа нашите играчи во Олимпијахале во Минхен.

Селекцијата на Бахреин е репрезентација против која немаме играно досега и ова ќе биде првиот меѓусебен дуел. Од овој натпревар следува вистинската борба за подобар пласман во групата, особено што по дуелот со Бахреин следува во понеделник Хрватска, а по слободниот ден во вторник за македонските ракометари ќе следуваат и двата дуела со Шпанија и со Исланд.

Натпреварот Македонија – Бахреин се игра утре со почеток во 14 часот.

Треба да знаете
Последни објави