Search

Почна климатскиот самит на ОН: „Се ближиме кон точка од која нема враќање“

Политичари од целиот свет се состануваат во Мадрид на климатскот самит на Обединетите нации (ОН). Самитот ќе трае речиси две недели, а на него ќе се разговара за растечката закана од климатските промени, пренесе Би-би-си.

Како што претходно изјави генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, светот се приближува до точка од која нема враќање.

Во исто време организацијата „Save the Children“ тврди дека поради климатските промени гладуваа милиони луѓе во Африка Поточно, станува збор за бројка од 33 милиони Африканци, а здружението тврди дека ситуацијата се должи на бројните циклони и суши во областа.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, порача дека емисијата на стакленички гасови мора да почне да се намалува во наредните 12 месеци за да се постигне јаглеродна неутралност до 2050 година.

„Мора да престанеме со дупчењето и копањето за фосилни горивва и да го искористиме огромниот потенцијал на обновлива енергија и природни решенија“, истакна тој.

Во ноември во 2020 година, во Глазгов ќе се одржи нов самит.

Околу 50 светски лидери ќе присуствуваат на годинашниот самит во Мадрид, но Трамп не е меѓу нив. Наместо него доаѓа Ненси Пелоси.

Според најавите, генералниот секретар на ОН, пред присутните денеска ќе порача дека светот се соочува со целосна климатска криза.

Тој ќе побара до државите да ги намалат емисиите на јаглерод.

„Иницијативите за користење фосилни горива мора да престанат, а од следната година недозволиво е да се градат нови електрани на јаглен“, ќе биде една од пораките на самиотот, пренесе Би-би-си.

Треба да знаете
Последни објави