Search

Почина 50 жртва во Нов Зеланд, од „Фејсбук“ отстранети 1,5 милион снимки од нападот

Комесарот на полицијата во Нов Зеланд, Мајк Буш, соопшти дека починала и 50-та жртва од нападот врз две џамии во градот Крајстчрч.

Агенцијата АП пренесе дека Буш рекол оти во болниците и натаму се хоспитализирани 36 лица повредени во нападот во петокот.

Од друга страна, тимот на компанијата „Фејсбук“ соопшти дека во првите 24 часа по нападот на двете џамии во Нов Зеланд, отстранил околу милион и пол снимки од истиот.

„Во првите 24 часа отстранивме 1,5 милиони снимки од нападот, од кои над 1,2 милиони беа блокирани во текот на нивното прикачување“, соопштиле од „Фејсбук“, а објави агенцијата „Ројтерс“.

Компанијата објави дека ќе ги отстрани и сите измонтирани верзии на снимката кои не прикажуваат графички содржини од почит кон луѓето засегнати од пукањето во џамиите.

Треба да знаете
Последни објави