Search

Почина шефот на руската воена тајна служба -ГРУ

Шефот на руската воена разузнавачка агенција ГРУ, Игор Коробов (62) почина по „долга и тешка болест“, соопшти руското Министерство за одбрана. Коробов беше воен ветеран кој во 1985 година почнал да работи за руската тајна служба.

Велика Британија ја обвини ГРУ за обид за убиство на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка со нервен агенс во Англија. Американските разузнавачки агенции пак обвинуваа дека ГРУ стои и зад обидот да се нарушат претседателските избори во САД во 2016 година.Но, Русија ги отфрли ваквите обвинувања.

Според медиумите, Коробов, наводно, почнал да се чувствува лошо по расправијата со рускиот претседател Владимир Путин, поради труењето на поранешниот двоен шпион Сергеј Скрипал во Солзбери, Англија. По средбата, наводно било најавено дека Коробов се повлекува од функцијата шеф на ГРУ.

Претходникот на Коробов, Игор Сергун, ненадејно почина на 3 јануари 2016 година. Официјално, тој почина пред својот дом во Москва по срцев удар. Според американската геополитичка разузнавачка фирма Стратфор, пак, Сергун починал на Нова година во Либан.

Треба да знаете
Последни објави