Search

Почина францускиот дизајнер Тиери Маглер

Големиот францускиот моден дизајнер Тиери Маглер почина во неделата на 73-годишна возраст, пренесоа светските медиуми.

„Со голема тага соопштуваме дека г. Манфред Тиери Маглер почина во недела на 23 јануари 2022 година“, се наведува во објавата на официјалниот фејсбук-профил на Маглер.

Во друга почест објавена на неговата инстаграм-страница, Маглер е опишан како „визионер чија имагинација… ги поттикна луѓето ширум светот да бидат похрабри и да сонуваат сè поголеми сништа“.

Негов претставник изјави за новинската агенција АФП дека тој починал од природна смрт.

Маглер беше познат по дизајните со нагласени раменици и остар крој, инспириран од гламурот од 1940-тите и 1950-тите години.

Креацииите на Маглер ги носеа ѕвезди од т.н. А-листа како Бијонсе, Лејди Гага, Бела Хадид, Ирина Шајк, Кортни и Ким Кардашијан, Дијана Рос, Дејвид Боуви…

Во подоцнежните години, неговиот бренд стана познат по парфемите Angel и Alien.

Тој создаде култни сценски костими за низа музички ѕвезди, меѓу кои поп-дивата Бијонсе, која беше прва од ѕвездите кои му одадоа почит на големиот моден дизајнер во неделата по неговата смрт. Таа сподели црно-бела троубек фотографија на својата веб-страница.

Треба да знаете
Последни објави