Search

Почина уште една жена, 25 нови заболени од коронавирус, петмина излекувани

Почина уште една пациентка на возраст од 65 години од Лабуништа со повеќе здравствени проблеми, вчера се примени 9 нови пaциенти на клиникта за Инфективни болести, а има 25 нови лица заболени, рече министерот за здравство Венко Филипче.

-Пациентката имала претходни заболувања – коморбидитети: хронично опструктивна белодробна болест, дијабетес, срцева слабост и обезност. Испишани се пет пациенти од Инфективната клиника, на деветмина од Дебар се прават последни тестови, кои ако бидат пак позитивни ќе бидат отпуштени и тие на домашно лекување. На Клиниката за инфективни болести се примени девет нови заболени од коронавирус, со што вкупниот број хоспитализирани е 59, 12 се со потешка клиничка слика од кои пет се поставени на механичка вентилација. Посочи дека од Клиниката за инфективни болести се испишани пет пациенти на кои им се направени два контролни тестови кои се негативни, тие се во добра здравствена состојба и ќе се упатат на домашно лекување. Од 28 пациенти во Дебар кои се на домашно лекување, појасни, на 11 од денеска, па во следните денови се земаат контролни брисеви и тие се во добра здравствена состојба.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 25 нови случаи на коронавирус во земјата, по градови: Скопје- 7, Куманово-7, Прилеп-2, Тетово-5, Струга-2, Гевгелија -1, Кочани -1 , или 354 заразени, рече Филипче.

Во врска со пациентката која во неделата наутро почина во болница во Струга, а на која постморум и е земен брис, истиот е позитивен на Ковид-19, посочуваат до Министерството.

Во изминатото деноноќие направени се 257 теста, од кои: преку Институтот за јавно здравје – 131, преку Ветеринарен факултет – 25, Биотек – 24, Клиниката „Жан Митрев” – 2. Досега се направени вкупно 3.775 тестирања на Ковид-19.

Потенцира дека сите пациенти од Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле се испишани, се упатени на домашно лекување, а таму каде е поставена индикација амбулантски ќе се вршат третмани во ГОБ „8 Септември”.

Во врска со Охридската болница, посочи дека таму е завршен увидот од Државниот санитарен и здравствен инспекторат, изречени се казни на поранешната директорка, на доктори специјалисти од Одделот за инфектологија, како и на самата институција, а во периодот кој следи ќе се направи стручен увид од Лекарската комора, по што за случајот ќе заседава и Етичката комисија при Лекарската комора.

– Има 80-годишна пациентка од Штип која била таму примена првпат на 26 март, првиот брис е негативен, тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје. Таа се лекувала на Одделението за инфективни болести, има влошување на состојбата и на 30-ти повторно е упатена на Инфективната клиника. Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински лица ќе бидат во самоизолација, тие се асимптоматски, направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат од други одделенија во болницата во Штип на Одделението за инфективни болести за да се надокнади персоналот кој ќе биде во самоизолација, рече Филипче.

Треба да знаете
Последни објави