Search

Почина Стеван Јеловац, кошаркарскиот репрезентативец на Србија

Ужасна вест ја потресе српската јавност, откако денеска почина 32-годишниот репрезентативец на Србија, Стеван Јеловац.

Јеловац, кој настапуваше за АЕК, на 14 ноември итно беше префрлен во болница откако имаше проблеми на тренинг, а по прегледите беше откриено дека доживеал мозочен удар.

Неговата екипа објави дека ситуацијата е критична, а докторите се обидуваа да го спасат неговиот живот, но за жал не успеаа.

Јеловац во текот на кариерата играше за многу екипи меѓу кои и Црвена Звезда, Мега, Анталија, Сарагоса, Газијантеп и други.

Треба да знаете
Последни објави