Search

Почина славниот Замбата

Во Загреб на 80 годишна возраст почина Славен Замбата, поранешниот напаѓач и капитен на повеќекратниот хрватски фудбалски шампион Динамо. Во својата кариера Замбата одигра 31 натпревар за репрезентацијата на Југаславија во периодот од 1962 до 68 година и и постигна 21 гол. Беше капитен на „сините“ на Олимписките игри во Токио во 1964 година.

Во тој период беше вбројуван меѓу еден од најдобрите напаѓачи во југо-фудбалот. Замбата беше капитен на славната генерација на Динамо која во 1967 година го осови Купот на семските градови, што и денеска претставува најголем успех за некој од хрватските фудбалски клубови.

Покрај дресто на Динамо, Замбата настапуваше и за белгиските Зулте Варегем и Кросинг Клуб, сегашен третолигаш, а во 1972 година се врати на Максимир, каде поради мпроблеми со повреди на менискусот во 1973 година замина во фудбалска пензија.

Замбата за Динамо одигра повеќе од 250 натпреаври на кои постигна 156 голови.


 

Треба да знаете
Последни објави