Search

Почина скопјанец, нови 20 заболени од Ковид-19, и 24 оздравени

Нови 20 случаи на КОВИД-19 се потврдени во текот на изминатото деноноќие со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти во земјава се искачи на 1941. Од новозабалоните, 16 се во Скопје и по двајца во Куманово и Прилеп.

Институтот за јавно здравје денеска регистрира 24 оздравени пациенти во: Скопје-4, Куманово-3, Прилеп-5, Тетово-6, Велес-4 и Битола-2.

Во ГОБ „8 септември” почина пациент од Скопје (63г), примен на болничко лекување на 6 мај како сомнителен на ковид, потврден позитивен еден ден подоцна.

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, од кои 355 се во рамките на скринингот. Досега со скринингот направени се 2060 тестирања на ковид-19, а регистрирани се само два позитивни случаи на вработени во градинка во Битола и во Скопје. Сите останати резултати се негативни.
Од почетокот на епидемијата оздравени се 1411 пациент, починаа 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 417.
Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 701, активни 189
• Куманово – 425, активни 26
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-38, активни 3
• Прилеп –208, активни 53
• Тетово – 165, активни 70
• Струга – 71, активни 4
• Велес – 127, активни 45
• Битола –28, активни 7
• Охрид –21, активни 6
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 55 пациенти. На кислородна поддршка се 32, на механичка вентилација се 2 пациенти.
Во ГОБ „8 септември” примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 20 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 3 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 5, на домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани  44 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Треба да знаете
Последни објави