Search

Почина синот на Кафу додека играл фудбал

Синот на легендарниот поранешен бразилски интеранционалец Кафу, починал додека играл фудбал со пријателите. Данило Фелисијано де Мораеш имал 30 години. Додека се рекреирал играјќи фудбал во близина на семејниот дом во Сао Пауло му се слошило и се струполил на теренот. Итно бил префрлен во болница, но тоа не му помогнало да се спаси. Првичните информации се дека починал од срцев удар.

Веста за немилиот настан во семејството на Кафу за бразилските медиуми ја потврдил некогашниот бразилски фудбалер и пријател на Кафу од Милан, Пауло Сержо. Пораки со сочувство до Кафу пристигнаа од неговите поранешни клубови, Милан, Рома, Сао Пауло…

Треба да знаете
Последни објави